Колумбијката Соња не може да го преболи Страхиња- Беше убиен во експлозија во Белград но никогаш не се посомневал дека е во животна опасност

 

 

Колумбијката Соња (45), девојка на убиената Страхиња Стојановиќ (30) во Белград повторно се огласи на својот Инстаграм профил.

Таа објави уште едно заедничко видео со Страхиња, на кое се гледа како тие двајца возат во автомобил.

На снимката двајцата цело време се држат за рака.

Да потсетиме, автомобилот на Страхиња Стојановиќ експлодираше на 13 септември во Нов Белград, по што тој почина, а претходно познат на полицијата. Неговата девојка Соња била во автомобилот со него, која поминала со полесни повреди.

Инаку, во четвртокот, на рочиштето во Вишото обвинителство во Белград, таа изјави дека тој воопшто не се плашел за сопствената безбедност и дека не се сомневал дека е во животна опасност.

За време на испрашувањето, кое траеше скоро четири часа, таа зборуваше и за сликите со Страхиња, кои редовно ги објавуваше на Инстаграм. Истражителите биле привлечени од фактот дека движењето на Стојановиќ можело да се следи на нејзиниот профил, иако е познато дека тој исто така бил мета на бомбашки напад во 2018 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега