Конституирано Собранието на Србија со свирежи и транспаренти

 

Конститутивната седница на Собранието на Србија започна со свирежи и транспаренти.

На оваа конститутивна седница се потврдија мандатите на 250 избрани пратеници, кои положија заклетва, по што ќе се бираат претседател на Парламентот и други тела.

Откако Верификационата комисија го потврди извештајот на РИК за декемвриските избори за сите 250 пратенички мандати, претседавачот со конститутивната седница, најстариот пратеник Стојан Раденовиќ од СНС соопшти дека со ова Собранието е конституирано, по што пратениците положија заклетва.

Пратениците од Власта дадоа заклетва во салата, а за тоа време пратениците од опозицијата ја напуштија салата. Тие својата заклетва ја дадоа во холот притоа изјавувајќи: „Не сакаме да положиме заклетва со луѓе кои добија мандати со кражба на избори, кои секојдневно ги кршат законите и за кои зборовите на оваа заклетва не значат ништо.

По полагањето заклетва, претседавачот со конститутивната седница ја заврши денешната работа на Собранието.

Во парламентот влегоа 250 пратеници, коалицијата околу Српската напредна партија (СНС) ќе има 129 пратеници, Србија против насилство (СПН) 65, Социјалистичката партија на Србија (СПС) 18, коалицијата НАДА 13 и Ние – гласот на народот 13 пратеници.

Од малцинските партии, Сојузот на Унгарците од Војводина ќе има шест пратеници, по два Обединети за правда – Усама Зукорлиќ и СДА Санџак – Сулејман Угљанин и по еден мандата имаат Руската партија и Политичката борба на Албанците продолжува – Шаип Камбери.

Рокот за формирање на Влада е 90 дена од денот на конституирањето на Народното собрание.

06.02.2024 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега