Корона хаос пред почетокот на новата сезона на Бундеслигата

 

Непосредно пред почетокот на новата сезона од германската Бундеслига, 14 играчи на Мајнц одат во карантин зашто повеќе играчи се заразиле со коронавирусот.

Најпрво Карим Онисиво е позитивно тестиран на корона  и го однесе клубот во криза. Иако веднаш бил изолиран, тој очигледно заразил најмалку еден играч кој се разболел со симптоми на Ковид.

Тимот сега има вкупно четворица играчи позитивни на Ковид-19, а вкупно 14 професионални играчи се во карантин. Голем проблем е што еден играч кој бил вакциниран, сега се заразил, тврди „Билд“, па надлежните наложиле карантин за сите невакцинирани фудбалери. Само вакцинираните можат да продолжат со тренинзи пред неделниот натпревар против РБ Лајпциг.

Мајнц има 27 професионални играчи, па не се очекува да побараат одложување на натпреварот.

 

11.08.2021 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега