Кортни Кардашијан извади транспарент среде концерт и соопшти дека е бремена

 

Кортни Кардашијан сподели видео на својот Инстаграм профил во кое открива дека е бремена.

Имено, таа одлучила на поинаков начин да му ја открие бременоста на својот сопруг Тревис Баркер, држејќи транспарент во рацете на кој пишувало дека е бремена на настап на неговиот бенд Blink-182 во Лос Анџелес.

Кортни држеше транспарент на кој пишуваше „Тревис, јас сум бремена“. Натписот брзо го воочил еден од членовите на бендот, кој го прекинал настапот за Тревис да се симне од сцената и да стигне до неговата сопруга Кортни.

Веста за нејзината бременост доаѓа една година откако парот се венчаше во Италија, а претходно изразија желба да имаат заедничко дете.

За потсетување, ова е прво заедничко дете на парот, а Кортни има три деца заедно со поранешниот партнер Скот Дисик: Мејсон (13), Пенелопе (10) и Рејн (8). Баркер го има синот Лендон (19) и ќерката Алабама (17) со неговата поранешна сопруга Шана Моаклер.

19.06.2023 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега