Костадинов: Апасиев лаже суши, исто како Мицкоски

Недела, ден за релаксирање, а јас сосема случајно се релаксирам со разоткривање на лицемерието на Димче Апасиев. Човекот лаже суши, исто како и неговиот партнер, коалиционен се разбира Христијан Мицкоски. Имено наместо да доаѓа на работа за што всушност е платен од граѓаните, Димче седи и пишува статуси од дома, напиша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на Фејсбук.
 
„Димче толку се опуштил во народните пари, што не дојде дури ни да си го одбрани неговиот предлог за предлог декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии.
 
Другар Димче, граѓаните не избрале да ги застапуваме, не избрале да носиме закони кои ќе бидат во функција на подобрување на нивните животи.
 
За жал ти ги лажеш, не што ги лажеш, ги сушиш дури.
 
Срам за секој еден кој те гласал, да не дојдеш да си браниш предлог кој ти си го поднел.
Еден е Апасиев на социјални мрежи, сосема друг во Парламент.
 
Брука!”, напиша Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2020 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега