Костадинова Стојчевска: Вработените во високото образование ќе добијат покачување на платите за 10 отсто

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за образованието и наставниот кадар.

За првпат е потпишан Колективен договор меѓу Министерството за образование и Самостојниот синдикат за образование и наука на кој се приклучи и Независниот академски синдикат“, рече Бисера Костадинова Стојчевска, пратеничка на СДСМ.

„Со овој Колективен договор веќе од септември, вработените во високото образование ќе добијат покачување на платите за 10 отсто, а ќе им биде исплаќан и минат труд кој само некои од установите го исплаќале досега.

Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука меѓу кои: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација.

Во договорот се дефинира и начин за пресметување на платата, кој се темели на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата.

Со ова се обезбедува систем на валоризација, но и континуиран раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата. Дополнително, во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и минат стаж.

Со вклучувањето на Независниот академски синдиката во колективниот договор, за првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговараа за своите права со Министерството без посредство на раководните структури на државните универзитети.

Овој Колективен договор е потврда за грижата на институциите кон високото образование, но и пример за успешно партнерство меѓу Министерството и професорската фела.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои значат вистинска грижа за граѓаните, за наставниот кадар“, изјави Бисера Костадинова Стојчевска, пратеничка на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2021 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега