Костовски: Грешка беше што ја поддржав Арсовска, сега лично се пресметува со мене
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, по една и пол година признава дека направил грешка што ја поддржал градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и лично се залагал да добие глас повеќе во вториот круг од изборите. Во интервју за „Макфакс“ вели дека Арсовска сега, кога ја изгубила поддршката, се пресметува лично со него, па реализира проекти што не се приоритет за граѓаните. Објаснува како улица, за која многумина и не знаат каде се наоѓа, стана главна тема во медиумите и доведе до обвинувања за манипулации, узурпирање државно земјиште, лаги и протести.
Иако улицата Боца Иванова, за која се планира булеварско решение, а за која Град Скопје најави почеток на изградбата, е предвидена и во детаљниот урбанистички план (ДУП) и во Генералниот урбанистички план (ГУП), градоначалникот Костовски ги поддржа граѓаните, кои бараат поместување на трасата.
„Ниту ГУП ниту ДУП не се библија и може да се променат. ГУП-от е Устав, но не е библија. Уставот се менува некогаш, ако е потребно“, вели градоначалникот.
Во интервјуто објаснува зошто токму сега поведоа инцијатива за бришење маркички за 11 згради, од кои некои се покај новата улица, кажува дали работи по партиска директива, објаснува зошто не ги реализирал ветувањата што ги даде пред да биде избран, ги најави капиталните проекти во Бутел и зборува за преговорите со синџирот маркети „Лидл“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа