Костовски: Коалицијата СДСМ и ДУИ значи опустошување и крадење на народот

Нема да гласам за предлогот Талат Џафери за претседател на парламентот на Република Македонија од причина се што ќе предложи ова мнозинство и што предложило во минатото е труло, колку е  труло говори и денешниот факт што  ниту еден особено од СДСМ не излезе да го пофали Талат Џафери на оваа говорница. Може имаше нешто но, многу срамежливо и тоа е доволен факт и јасно говори дека некако сосила си ја залепивте приказната која што ви е трула и многу кратко ќе ви трае и ќе се распаднете и сето тоа ќе биде за среќа на македонскиот народ, потенцираше Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање.

Костовски потсети дека граѓаните беа сведоци на тригодишна љубов меѓу СДСМ и ДУИ која е базирана на три основни принципи криминал, корупција и суштинско подривање на македонските национални интереси поткрепено со уништување на целокупниот политички и судски систем во државата.

-Таа љубов меѓу СДСМ и ДУИ  да ти била од чист интерес, на челото кој повеќе ќе украде повторно ја спои оваа љубовна приказна која пред извесен период беше во сериозна криза или пак може само добро одглумија актерите. Заев велеше дека ДУИ треба да оди во опозиција за да се реформира. Исто така и тој велеше дека национализмот на ДУИ нема иднина во Македонија. Ниту ДУИ е реформирана, ниту националистичките ставови ги претворија во либерални, но Заев повторно се гушна со ДУИ и секако целата е јасна, опустошување и крадење на народот, додаде Костовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега