Ковачевски за изјавата на Груби: Македонија ја води премиер Македонец
Премиерот Димитар Ковачевски не го загрижува изјавата на првиот вицепремиер и министер во неговата Влада, Артан Груби, дека со државата владеат Албанци. По претставувањето на буџетот на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Ковачевски рече дека Владата во моментот ја води премиер Македонец и дека со досегашната работа успеале да испратат пораката дека силата е во заедништвото, а таквата изјава ја припиша на предизборието.
„Веќе влегуваме во еден период на предизборие. Во наредниот период од 7 до 8 месеци ќе се наслушаме кој сè е главен, меѓутоа клучно е што дадовме пример како може да функционираме еден Македонец, еден Влав и еден Албанец да склопиме буџет, да го поднесеме на Влада и да го одобрат министрите. Да се задржи развојната компонента на буџетот и да се обезбедат финансиски средства и за зголемени плати, и за зголемени пензии и за зголемени инвестиции. Со тоа ја праќаме пораката дека силата е во заедништвото. Им благодарам и на Филип и на Фатмир“, рече премиерот Ковачевски.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вчера, во Чаир, на промоција на секретаријатите на ДУИ рече дека Албанците владеат со државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа