Ковачки: Народот е подготвен и обединет за промени
Вчерашниот митинг во Охрид покажа дека народот е подготвен и обединет за промени. А ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обедини сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, и сите граѓани на Република Македонија. рече Ковачки.
„Ќе ја собориме оваа ненародна и криминална власт на ДУИ и на СДС.
Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка.
Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани.
Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитовната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, нагласи Ковачки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа