Крадци фатени на дело - пробале да пробијат врата каде се чува изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

– Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

07.05.2024 - 17:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега