Крадци оперирале три дена во Неготино: Провалиле хала и неколку товарни возила
Вчера во 04.40 часот и во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
14.01.2025 - 11:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа