Кремљ до Зеленски: „Неосновани сугестии дека војната на Блискиот Исток е во интерес на Русија“

 

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека во интерес на Русија е да предизвика војна на Блискиот Исток со цел да го ослабне „глобалното единство“, не се заснова на факти, соопшти Кремљ.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека ова е долгогодишен конфликт со многу длабоки корени и дека Русија е во контакт и со Израел и со Палестинците.

„Русија има долготрајни историски врски со Палестинците и има многу заедничко со Израел, вклучувајќи го и фактот дека многу Израелци се поранешни руски државјани“ – рече Песков на редовниот брифинг со новинарите.

Според него, официјална Москва има намера да продолжи со дипломатските напори и обиди за постигнување мир меѓу Израел и Палестинците.

10.10.2023 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега