Криел дека е болен дури и од Бајден - американскиот министер за одбрана хоспитализиран поради рак

 

На американскиот министер за одбрана Лојд Остин му бил дијагностициран рак на простата

„На министерот за одбрана Лојд Остин во декември му беше дијагностициран рак на простата и беше подложен на минимално инвазивна процедура за лекување. Министерот Остин без проблем се опорави од операцијата и следното утро се врати дома. Ракот на простатата му е откриен рано, а неговата прогноза е одлична“, се вели во изјавата.

Остин потоа беше хоспитализирам на 1 јануари „со компликации од процедурата на 22 декември, вклучително и гадење со силна болка во стомакот, колкот и нозете“, изјавија официјалните лица.

Откако во јавноста стигна информацијата дека Остин е хоспитализиран, настана скандал бидејќи никој од највисоките функционери – дури ни самиот американски претседател Џо Бајден – не знаел ништо за неговата состојба.

09.01.2024 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега