Криси Тајген за првпат проговори по загубата на бебето: Конечно се насмеав
„Само што резервирав термин за депилација на веѓите и возбудена сум што ќе носам маска за да не морам да слушам „Ги отстрануваме и мустаќите“, стои во објавата што ја коментирала Криси и се заблагодари што за првпат се насмеала после трагичните вести. што ѝ се случија неодамна.
Поранешната манекенка и сопруга на Џон Леџенд (41), Криси Тајген (34) го загуби своето бебе пред две недели. Имено, загубата ѝ падна тешко и таа билаво депресивна состојба повеќе од десет дена. Сепак, по разговорот со нејзините роднини, Криси решила да ја крене главата и да се придвижи напред. Таа ја прокоментирала објавата на еден смешен профил на Инстаграм, што ја насмеал во тажни моменти.
„Конечно се смеев. Ви благодарам “, напиша поранешната манекенка.
Криси заврши во болница пред две недели откако крвареше скоро еден месец во бременоста, при што го загуби бебето, кое сакале да го наречат Џек. Потресните фотографии од породилиштето каде плачат таа и Џон го обиколија светот. „
Враќање дома од болницата без бебе. Како може ова да биде реално“, се огласила тогаш Тајген и не оставила никакви траги во јавноста до денес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа