Крвава битка за Курск: Русија подготвува контранапад


Руската армија има план да ги протера украинските сили од рускиот пограничен регион Курск, изјави денеска Дмитриj Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека руската армија ќе ги скрши украинските сили, кои го нападнаа Курск пред повеќе од еден месец и окупираа повеќе од 1.000 квадратни километри, повеќе од 100 населени места и заробија повеќе од 500 руски војници.

„Се разбира, армијата ги има сите потребни планови, но мислам дека за овие планови не може да се разговара јавно“, рече тој на прашањето кога украинските сили ќе бидат протерани од руска територија.

Да потсетиме, Русија прогласи вонредна состојба во Курск и евакуира повеќе од 150.000 луѓе.

10.09.2024 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега