КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

 

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска пред законодавниот дом го изрази своето незадоволство поради носењето на Предлог-Законот за административни службеници, кој е влезен во собраниска процедура во скратена постапка.

Со Предлог-законот за административни службеници, претседателот на КСС Благоја Ралповски вели се изземаат круцијалната права на работникот, вадење на минималната плата, како и непочитување на Законот за минимална плата.

-Овој закон нема ништо европско, со овој закон само се поттикнува непотизмот и примитивизмот. Вадењето на минималната плата да важи од март, а сите други одредби од 01.01.2025 година, мислиме дека не е време да се носи еден ваков закон, како што го кажуваат реформски и европски, а нема ништо европско, ниту реформско, рече Ралповски.

Посочи дека поголемиот дел од работниците во јавниот сектор ќе продолжат да земаат минимална плата и нема да добијат усогласување на платите во март, и како што рече, не може да има државни службеници кои што земаат минимална плата, а да се бара професионалност од администрацијата.

-Оној закон што е закачен на ЕНЕР беше дозволен за јавна дебата, но овој закон не беше ставен на ЕНЕР, ние првпат го видовме во собраниска процедура. Овој закон е поставен шверцерски, без јавна дебата и не знам зошто пратениците од мнозинството се обидоа да не отфрлат нас како синдикати кои што баравме јавна дебата. Не знам која е потребата, ние кажавме уште при потпишувањето на општиот колективен договор дека имаме камен на сопнување, но и тогаш кажавме, а ќе кажеме и сега дека ќе си ги браниме нашите права онака како што ги браневме многу години наназад, низ протести и штрајкови, рече Ралповски.

Ветувањето при потпишувањето на општиот колективен договор од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, дека ќе се допреговара овој дел од Законот, Ралповски рече не е исполнето.

-Очигледно си најдоа партнер со којшто сакаат да си го потишат општиот колективен договор и овој дел што беше ветен од министерот Бесими и министерката Јована Тренчевска, не беше исполнет, така да се потпиша без да се реши овој проблем, додаде Ралповски.

01.02.2024 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега