Ларсон Џаин: Уставните измени во Северна Македонија се во рацете на политичките лидери

 

 

Пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ е поддржано од Шведска, вели во интервју за Локално, шведската амбасадорка во земјава, Ами Ларсон Џаин, и она што останува суштинско е домашната реформа, која ќе започне и ќе заврши со кластерот фундаментите на процесот на пристапување.

Северна Македонија имаше импресивен почеток на процесот на скрининг кој започна минатата година. Домашните реформски напори се клучни за продолжување на овој напредок, со вистинска посветеност на сите засегнати страни, како и со национална сопственост, отчетност, транспарентност и професионалност. Реформите во областа на судството и владеењето на правото се клучни за регионот како целина, како и за Северна Македонија, изјави Ларсон Џаин.

-Ова ќе биде трансформативен процес. Ќе бара напорна работа и решителност, но реформите ќе имаат корист и за граѓаните на Северна Македонија, истакна амбасадорката.

За уставните измени, кои се предуслов за продолжување на преговорите, Ларсон Џаин вели дека таа е во рацете на политичките лидери во Северна Македонија.

24.01.2023 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега