Легендарниот Блажевиќ тешко болен: Морам да ви кажам тажна вест

 

Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Ќиро Блажевиќ се наоѓа во тешка здравствена состојба за која самиот потврди во интервју за словенечкиот „Спорт Клуб“.

Новинарите од Словенија го контактирале Блажевиќ за да слушнат негово мислење за натпреварот помеѓу Хрватска и Словенија, а тој во разговорот им кажал дека е тешко болен и практично се простил од нив.

– Драги мои Словенци, нашата љубов е безгранична.Вие ме сакате мене, јас ве сакам вас, но мора да ви кажам една тажна вест. Јас сум многу болен.

– Освен што сум стар, имам 86 години. Ако наскоро не дојдам, а веројатно нема, би ја искористил приликата да ја искажам својата љубов кон вас и да ги поздравам сите пријатели во Словенија. За жал, морам да кажам една католичка работа- збогум. Збогум мили мои Совенци. Многу сум песимистичен, -им кажал Блажевиќ на новинарите на „Спорт Клуб“.

Ќиро Блажевиќ има проблеми со ракот уште од 2011 година. На два пати успеа да излезе како победник со подмолната болест која за жал се вратила и по трет пат.

06.09.2021 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега