Лекарите сигурни: Ако се консумираат често, овие намирници можат да го нарушат здравјето на црниот дроб

 

За нашето тело да биде здраво, неопходно е да се храниме правилно. Според неодамнешните истражувања, сè повеќе луѓе имаат некакво оштетување на црниот дроб.

Одредена храна може да има исклучително негативно влијание врз најважниот орган во нашето тело, а да не сме свесни за тоа.

Еве кои намирници е пожелно да ги одбегнувате или барем да ја намалите нивната консумација:

Сокови со многу шеќер

Алкохолот не е единствениот пијалак кој може да го наруши здравјето на вашиот црн дроб. Според зборовите на д-р Иан Брет, соковите со многу шеќер исто така можат да влијаат на овој орган.

„Во мали дози, шеќерот поволно влијае врз работата на тенкото црево, меѓутоа во големи дози, неодамнешните истражувања покажуваат дека доведува до несакани ефекти на црниот дроб“.

Помфрит

„Помфритот е богат со заситени масти, а исхраната богата со нив доведува до зголемена резистенција на мастите во црниот дроб, како и до зголемени вредности на инсулин“, објаснува д-р Лин Постон.

Масла

„Не се сите масла исти. Растителното масло кое содржи омега-6 масни киселини побрзо оксидира при готвењето и придонесува за оштетување на црниот дроб. Меѓутоа, тоа не значи дека морате потполно да се откажете од употребата на масло, туку попаметно да бирате. Најдобриот избор е кокосовото масло“, објаснува нутриционистката Ерика Џејмс.

Преработено месо

Ако сте загрижени за здравјето на црниот дроб, добро размислете пред да изедете сендвич со сувомеснати производи.

„Преработените сувомеснати производи се скриен извор на натриум“, вели сертифицираниот советник за исхрана Џон Фавкес.

Тој објаснува дека прекумерниот внес на натриум може да предизвика нерамнотежа во соодносот со течностите во нашето тело, што му го отежнува ефикасното филтрирање на црниот дроб, а може да предизвика и посериозни проблеми со овој орган.

Бел леб

„На рафинираните јаглехидрати им недостасуваат влакна, а тоа доведува до скокови на глукозата во крвта, потоа до ослободување инсулин, што доведува до создавање масни наслаги на и околу црниот дроб“, вели Фавкес.

Лебот од цело зрно е многу подобра опција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2021 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега