Личниот шофер: Сакаа да ја фотографираат мртва принцезата Дијана, а тогаш ѝ се поместија трепките и косата

 

Принцезата Дијана е мртва 23 години, но и понатаму е една од најпопуларните фигури на британското кралско семејство. Британските медиуми речиси секој ден објавуваат нови и стари стории за починатата принцеза, а интересот на јавноста за неа не опаѓа, пишува „Индекс.хр“.

Денеска, 31 август, се навршуваат 23 години од трагичната смрт на принцезата Дијана која загина заедно со нејзиниот пријател Доди ал Фајед во Париз, додека нивниот возач се обидуваше да избега од папараците кои ја прогонуваа цело лето.

Принцезата Дијана во тоа време беше најпопуларната жена во светот, а нејзините приватни фотографии вредеа милиони. Затоа папараците не сакаа да ја остават на мир дури и кога лежела мртва во болницата во Париз, тврди нејзиниот личен возач Колин Тебут, кој пред три години првпат проговори за трауматските настани во Париз.

По тој повод, тој рекол дека и денес му е ужасно тешко поради тоа што тој не возел таа ноќ, па раскажал дека дошол во Париз веднаш штом дознал што се случило.

– Телото беше сместено во една од болничките соби која немаше завеси, а јас ги забележав фотографите како се качуваат на соседниот покрив и балконите на болницата. Беше многу топло во Париз. Навлеков ќебиња на прозорците за да спречам нејзиното тело да биде фотографирано, а поради топлината вклучивме неколку вентилатори. Погледнав во принцезата, а нејзината коса и трепки се поместија. Никогаш нема да ја заборавам таа глетка – рекол Тебут по тој повод.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега