Македонска водителка завиена во црно: По две години борба со ракот почина ќерка ѝ (ФОТО)
По две години борба со ракот, денес почина Андријана Мициевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија, објавија дел од македонските медиуми.
На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана. Таа почина на 41 години, беше сликар и мајка на Стефанија. Дека состојбата на Андријана е влошена уште пред неколку дена објави Јулија и побара поддршка од пријателите. Андријана беше однесена на Клиниката за онкологија, каде, икако што кажа Јулија, се борела за живот.
„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божјо чудо, зошто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“, напиша тогаш Јулија
Во 2020 година на роденденот на Андријана и беше дијагностициран рак кој метастазирал на коските и црниот дроб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа