Македонската полиција им ги расипа плановите - Крадци фатени на дело
На 26.03.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.М.(24) и А.М.(23), двајцата од село Криволак, неготинско.
Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на село Пепелиште, неготинско.
Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои се обиделе да го извршат делото. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
27.03.2025 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа