Макрон: Француските Курди жртви на грозоморен напад

 

 

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените.

„Француските Курди се цел на грозоморен напад во срцето на Париз. Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за своите животи, нивните семејства и најблиските“, напиша Макрон на Твитер.

Француската телевизија BFM јави дека три лица се убиени, а четири лица се повредени во пукотница во центарот на Париз кога 69-годишен маж отвори оган врз пешаци на улица во близина на Курдскиот културен центар,пренесе Танјуг.

23.12.2022 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега