Мал авион се урна во Хрватска

Истарската полиција соопшти дека вчера се урнал авион во Врсар.

Едно лице е полесно повредено.

„Вчера, околу 14.30 часот, во полиција било пријавено дека во Врсар се урнал лесен авион“, соопштија од полицијата. „За инцидентот е известена надлежната Агенција за истрага на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај, како и надлежното Државно обвинителство, кое нареди да се спроведе истрага на местото на инцидентот“, додаваат од таму.

20.11.2023 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега