Малолетник уби четири деца, за ужасот е осудена и неговата мајка
Мајката на малолетник од Мичиген кој во 2021 година уби четворица ученици беше прогласена за виновна по четири точки од обвинението за убиство од небрежност. Во САД ова е првпат родител на вооружен напаѓач во училиште да биде осуден за убиство.
Според судското сослушување родителите на напаѓачот Итан Крумбли, Џенифер и Џејмс Крумбли, се товарат за неактивност и затоа што не го спречиле нивниот психолошки лабилен син да земе оружје и да убие четворица соученици во средното училиште во градот Оксфорд, Мичиген.
Итан Крумбли (17) за ова лани беше осуден на доживотен затвор. Кога ги изврши убиствата тој беше на возраст од 15 години.
Во текот на судењето обвинителите ја опишаа Џенифер Крумбли како непримерен родител повеќе фокусирана на нејзините коњи и шестмесечната вонбрачна врска за што таа призна дека ја имала во текот на годината кога се случија убиствата, отколку да се справи со влошената психолошка состојба на нејзиниот син.
Сопругот на Крумбли исто така го очекува судење по истите точки од обвинението во судски процес закажан за следниот месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа