Марк Закерберг и Присила Чен очекуваат трето дете

 

Марк Закерберг на Instagram сподели фотографија од бремената сопруга Присила, со која го очекува третото дете.

„Среќна Нова година! За авантурите и љубовта кои доаѓаат во 2023“, напиша 38-годишниот основач на Facebook и Meta.

Со сопругата има две ќерки, родени во 2015 година и во 2017 година. Претходно, двојката најави дека ќе добие уште една ќерка

Закерберг и Присила Чен се запознаа во 2003 година на забава, како студенти на Харвард. Се венчаа 9 години подоцна, во 2012 година.

По раѓањето на првата ќерка, во отворено писмо славната двојка соопшти дека поголем дел од парите ќе ги даде во хуманитарни цели, а не како наследство на децата.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

04.01.2023 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега