Масовен напад на Русија: Борел утрото го дочека во засолниште во Киев

 

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел кој е во дводневна посета на Украина, соопшти дека утрото во Киев го дочекал во засолниште.

Причина за ова се сирените за воздушна опасност кои се огласиле во Киев.

„Утрото го почнувам во засолниште додека се огласуваат сирените ширум Киев. Ова е секојдневна реалност на херојскиот украински народ, откако Русија ја почна противправна агресија“ -  напиша Борел на платформата Х.

Инаку, Русија утрово изведе ракетни удари врз Киев и други украински градови

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко рече дека делови од градот останале без струја, откако соборена руска ракета оштетила далноводи.

Сирените за опасност од воздушни напади ширум Украина траат веќе три часа, пренесува Ројтерс.

07.02.2024 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега