„Ме нападна бронхитис“: Папата мораше да го прекине својот говор

 

Папата Франциско не можеше да го заврши својот говор денеска за време на обраќањето пред група француски експерти за верска комуникација жалејќи се на бронхитис.

Франциско се сретна со учесниците на симпозиумот Universite des Communications en Eglise, организиран од Француската бискупска конференција, но мораше да го прекине својот поздравен говор.

„Би сакал да го прочитам целиот мој говор, но имам проблем. Ме нападна бронхитис“, со рапав глас изјави 87-годишниот Франциско. Пред тоа папата веќе одржа говори на средби со млади експерти и со Комитетот за унапредување на односите меѓу католичката, православната и источнохристијанската црква.

Но, подоцна не можеше да им го прочита говорот на членовите на католичкото научно тело, па тие го примија писмено, соопшти Ватикан.

Во ноември папата се разболе од акутна пневмонија поради што беше принуден да ја откаже планираната посета на Дубаи, каде што се одржуваше самитот за климата COP28.

12.01.2024 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега