Меџити: Поддржувам протести, но случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребува

 

Луѓето да протестираат, тоа е загарантирано со Уставот на Република Северна Македонија. Јас лично како човек и како министер, мислам дека тоа е најдемократски чин и секој има право да протестира. И јас ги поддржувам ваквите протести. Но, тоа што сакам да напоменам, секогаш, гледаме со случајот „Онкологија“ дека се злоупотребува. Апелирам за дневни политички евтини поенти да не се користат ваквите протести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. 

Меџити на прашање по брифингот со новинарите дали на Онкологија и на други клиники имало злоупотреби поврзани со пациенти кои доаѓале од други држави, тој рече дека во моментов не би сакал и нема да сподели информации во интерес на процесот што се води од Обвинителството. 

-Затоа се што Обвинителството ќе донесе одлука на крај, тоа ќе биде јавно за сите. Пациентите кои се обратиле до Министерството за здравство и до мене лично, ние сме им ја кажале точната адреса, да одат во Обвинителство. И Обвинителството транаспарентно работи, многу отворено со пациенти, нивни семејства, со сите кои имаат точна информација. Значи информациите одат до истражните таму што се обвинители. И на крај, кога ќе има конечна одлука, транспарентно, очекуваме што побрзо на оваа неизвесност да се стави крај и да излезат и тука, одговори Меџити.

Според него, во прашање е и образот на здравствените работници.

18.09.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега