ИН МЕМОРИАМ: Почина прим. д-р Александар Крстевски – Слиш
Со голема жалост ве известуваме дека почина нашиот почитуван прим. д-р Александар Крстевски – Слиш, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, соопштија од Аџибадем Систина.
– Голема беше честа името на прим. д-р Крстевски да биде дел од тимот на Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’ повеќе од 20 години, од самите почетоци на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“. Неговиот огромен придонес во анестезијата и интензивното лекување, неговата професионалност, храброст и извонредност ќе останат запаметени, се вели во известувањето од болницата на Фејсбук.
Длабока почит од целиот менаџерски тим на КБ ,,Аџибадем Систина’’ и сите вработени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа