Мицкоски: Не барам амнестија или милост, туку правда

 Најдовме разбирање, изјави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната средба со претседателот на државата Стево Пендаровски и потенцира дека не бараат амнестија или милост, туку правда за осудените за „27 Април“.

Мицкоски појасни дека обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок поради непостапување е драконско и треба да ја добијат пресудата од втор степен за да имаат право на вонреден правен лек и врз основа на  новите докази што бранителите ги поседуваат, подвлече, да бараат правда од трет степен како што е Врховниот суд или пред Европскиот суд за човекови права. Се осврна на случаите „Монструм“ и „Сопот“, кои, како што рече, поради една изјава на Зоран Заев кога бил во опозиција во која кажува дека тие не се сторители, да започне од почеток.

Тогаш, истакна Мицкоски, не гледам причина зошто „овие т.н. теористи според Кацарска и Зоран Заев врз освнова на новите докази што ги поседуваат нивните бранители овој случај да го отпочнат отпочеток и да докажат дека не се терористи, но се луѓе кои направиле грешка, сториле прекршување на законот и ќе одговараат за тоа прекршување“.

– Она кое што е реалност, поврзана со тој случај е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба и второстепена судска одлука на лицата коишто се осудени поради настаните од 27 април, во моментот е завршена, и за жал најголемиот дел од нив се уште ја немаат таа одлука добиено, за да можат понатаму да ја искористат вонредната, вонреден правен лек, односно да можат понатаму врз основа на новите докази, коишто според моите информации, ги имаат адвокатските тимови на овие лица да ги достават до Врховниот суд или пак до Европскиот суд за човекови права, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски потенцира дека очекува политичарите да ги држат настрана рацете од обвиненијата и од судските одлуки, да се ослободи обивнителството и судството од каков било политички притисок, а секој граѓанин да има право на своја одбрана, на жалба, на вонреден правен лек во фер услови. Очекува ова да го потврди и Пендаровски и останатите политичари, пред се врвот на власта.

–  Мора да има безусловна правда, ниту сум ги двоел, ниту ќе ги двојам луѓето по името, по нацијата или по верата, ние сме сите граѓани на Македонија и делиме иста судбина. Најсреќен би бил Заев да не влијае на судството, тоа е мојата молба, рече меѓу другото Мицкоски.

Потврдувајќи дека ВМРО – ДПМНЕ ги одмрзнува односите со претседателот Стево Пендаровски, Мицкоски информира дека по денешните разговори и за евроинтеграциите, за политичка и економска сосотјба, за состојбата со криминалот и корупцијата, за стратешки проекти, за ставот на ВМРО – ДПМНЕ за клиничкиот центар, за инвестирињето во нова гасна централа… , се договориле и понатаму да комуницираат за крупни прашања од интерес на државата и граѓаните. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега