Успешно ги изигнорира: Портпаролката на Трамп избегна прашања за нападите на Украина врз Русија

 

Белата куќа објави дека актуелниот американски претседател Доналд Трамп не бил однапред информиран за најновиот украински напад со беспилотни летала врз руските воени бази.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, одговараше на прашањата на новинарите за Украина, вклучително и зошто Трамп јавно не го коментираше украинскиот напад врз руските воздухопловни бази, во кој, според Киев, десетици борбени авиони беа уништени или оштетени.

На прашањето дали украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште има „некои адути“, со оглед на тоа што Трамп во февруари за време на жестоката дебата во Овалната соба тврдеше дека „Зеленски нема карти во свои раце“, Ливит одговори: „Претседателот Трамп останува позитивен во врска со напредокот што го видовме“.

Таа додаде дека Трамп „ги поканил двајцата лидери да седнат и да разговараат“.

„Но, Трамп е исто така реалист. Тој разбира дека ова се две земји кои се во војна веќе некое време – поради некомпетентноста и слабоста на неговиот претходник“, рече Ливит. „Тој работи напорно за да го реши овој конфликт“.

На прашањето дали Трамп ја одобрил одлуката на Украина да ги нападне руските бомбардери со нуклеарно оружје, Ливит рече: „Би сакала претседателот лично да коментира за тоа“.

Исто така, беше потврдено дека Трамп не бил информиран однапред за нападите: „Тој не бил информиран“, рече портпаролката.

Потсетете се дека Украина изврши невиден напад врз руските бомбардери со долг дострел минатиот викенд. Властите во Киев тврдат дека биле погодени бази длабоко во внатрешноста на Русија – вклучувајќи ги и оддалечените делови на Арктикот, Сибир и рускиот Далечен Исток, на повеќе од 7.000 километри од Украина – и дека повеќе од 40 руски авиони биле уништени или оштетени во тој процес

03.06.2025 - 22:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега