Мицкоски: Подолг период се немам видено со мајка ми, имајќи го во предвид ризикот на кој сум изложен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека неговата мајка веќе неколку дене е позитивна на коронавирусот.

-Ние се немаме видено, направено е епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена би рекол 5/6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почувствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус. Истовремено да им посакам на сите граѓани многу здравје и да се чуваат бидејќи јас за разлика од други определени политичари нема да ја релативизирам таа работа. Многу сериозен е овој вирус и луѓето кој што го преживуваат, сериозно го преживуваат. Имајќи ја во предвид неспособноста на Владата, имајќи ја во предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со оваа пандемија таа за жал на дневна основа е се повеќе присутна помеѓу нас. Но и тоа е уште еден мотив повеќе за мене за да излезам до 15 јули да разговарам со што е можно повеќе граѓани, да ги убедам да на 15-ти јули ја поразат оваа власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна Мицкоски по посетата на Општина Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега