Мицкоски: Случајот со помилувањето е кукавичко јајце оставено од претходната Влада

 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека случајот со помилувањата дадени по повод 23 Октомври, кој предизвика превирања во јавноста, е оставен од претходната Влада кој имал токму за цел да имплодира во овој период. За едно од лицата кое беше повторно приведено, вели, да се остави на правосудните органи да си ја завршат работата.

– Тој случај е од минатото, од претходната Влада, снесен како кукавичко јајце, коешто треба да имплодира во овој период. Тоа што имаше да каже и Комисијата го слушаме по медиумите, луѓето кои се дел од таа Комисија се присутни на медиумите. Добив информации од МВР дека едно од лицата кои беа предмет на измена на судска одлука е повторно приведено. Добив информација дека има уште неколку дела кои што се поврзани со ова лице. Нема да одам чекор понатаму да коментирам и да прејудицирам судски одлуки. Јас сум човек легалист, верувам во пресумпција на невиност, но она кое што го знам е дека истото лице вќе доби 30-дневен притвор. Оставам на правосудните органи понатаму да одлучат како да постапуваат за други случаи каде што постои основано сомнение за сторен криминал, вели Мицкоски.

26.10.2024 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега