Мицкоски: Ванче, замина без да се простиме, Кратово загуби голем човек
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се прости од својот сопартиец од Кратово кој починал.
-Аххх бре Ванче, замина без да се простиме…, а ти ветив дека после Велигден се гледаме на состанок во Кратово. А сега што? Ќе дојдам утре непланирано…, ќе дојдам утре да те испратам кон твојот вечен дом. ВМРО-ДПМНЕ во Кратово не загуби Претседател туку голем човек. За жал судбината така сакаше, твојот живот запре, но останаа делата и нашата почит кон твојата личност. Почивај во мир братко, ќе се најдеме таму горе некаде и ќе го продолжиме тоа што не успеавме да го завршиме тука заедно, стои во објавата на Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа