Мицкоски за Фокус: Ќе бидеме против било каква промена во учебниците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ вели дека очекува целосна дипломатска офанзива од ЕУ врз Бугарија зашто, како што рече, ако се фокусираат врз македонските политичари, нема да има успех.

-Ние нема да го дозволиме тоа во Парламентот и ќе бидеме против каква било нова промена во учебниците. Не може во 21 век, историјата да ни биде пречка за иднината. Не очекувам дека Македонија ќе се раздели од Албанија. Има земји-членки што нема да го дозволат тоа. Замислете каков парадокс доживеавме. Ако пред три години, ние критикувавме што бевме ставени во група со Албанија, сега не сакаме да се отпуштиме по ниту една цена. Еве до каде нѐ дотераа. Срам, понижување, буквално распродавање на сето она што со години е градено – рече Мицкоски.

22.05.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега