Министерката Тренчевска ги засука ракавите и се фати за работа: Сечеше пиперки и и помогна на Гунче да направи зимница
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги засука ракавите и се фати за работа. Сечеше пиперки и и помогна на Гунче да направи зимница. Информацијата ја соопшти на социјалната мрежа фејсбук.
„Есен, време кога се спремаат зимници и се подготвуваме за зимата.
Највкусните јадења се секогаш подготвени во домот на баба. Затоа денес заедно со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов бевме во домот на Гунче и задно со пријателките Ленче и Аница и помогнавме во подготовката на зимницата.
Нашите пријатели во Валандово моментално ги уживаат своите пензионерски денови. Со нив разговаравме за марките кои моментално ги креираме во работната група. Заедно се сложивме дека одржувањето на стабилен пензиски фонд и животен стандард е приоритет на сите нас.
Низ пријатен разговор го поминавме попладнето во Валандово!“, напиша Тренчевска на ФБ.
13.10.2023 - 23:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа