Министерот за здравство порача: Ако сакате да ги носите децата во градинка мора да ги вакцинирате

Министерот за здравство д-р Илир Демири на новинарско прашање за состојбата со големата кашлица потенцираше дека вакцинацијата е најголемото достигнување на здравствениот системот и упати апел до сите граѓани, особено до родителите да ги вакцинираат децата.

– Од Центарот за јавно здравје Скопје е прогласена епидемија. Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Јас ќе ја искористам оваа можност да се обратам уште еднаш на сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца – најголемо достигнување на здравствениот систем е вакцинацијата, затоа ги замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца. Сите деца прво треба да се вакцинирани, па да одат во градинка. Тоа беше и еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести – рече Демири.

15.02.2024 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега