Министерство за здравство: Денеска намален бројот на новозаразени со коронавирус - 6 пациенти починаа во болница

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-23, Куманово-8, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-11, Велес-2, Битола-3, Охрид-8, Кавадарци-1, Гостивар-4, Струмица-1, Македонски Брод-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2, Ресен-5. 

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289,  бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4966, активни 1303

• Куманово 1102, активни 262

• Дебар 208, активни 118

• Штип 887, активни 433

• Прилеп 336, активни 46

• Тетово 1066, активни 212

• Струга 469, активни 187

• Велес 227, активни 22

• Битола 146, активни 66

• Охрид 283, активни 76

• Кавадарци 83, активни 63

• Гостивар 499, активни 288

• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 39, активни 23

• Крива Паланка 25, активни 11

• Радовиш 29, активни 16

• Крушево 16, активни 8

• Кочани 106, активни 20

• Пробиштип 57, активни 22

• Демир Хисар 34, активни 26

• Македонски Брод 41, активни 35

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 6, активни 0

• Виница 25, активни 21

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 14, активни 7

• Свети Николе 230, активни 134

• Кичево 179, активни 109

• Ресен 146, активни 21

• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1507 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-156, Биотек-255, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори)-302, Систина со PCR метода -216, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-6, ГАК-0. Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, 1 на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 168

• Аеродром - 147

• Бутел - 84

• Гази Баба - 133

• Центар – 106

• Карпош – 113

• Сарај – 60

• Кисела Вода – 141

• Ѓорче Петров – 92

• Студеничани – 45

• Шуто Оризари – 108

• Арачиново – 24

• Илинден – 24

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 9

• Сопиште – 20

• Зелениково- 7

• Странец – 5“, информираат од Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега