Мислела дека е бремена бидејќи нејзиниот стомак се зголемувал, но докторите ја открија страшната вистина
Американката Аманда Шулц (29) пред една година забележала дека нејзиниот стомак постојано се зголемува, иако вежбала секој ден и водела здрав начин на живот.
Многумина мислеле дека е бремена, па дури и самата веруваше во тоа. Меѓутоа, лекарскиот преглед ја отфрлил можноста за бременост и било утврдено дека во нејзиното тело расте огромен тумор.
Аманда тврди дека била секогаш активна, вежбала секој ден и се хранела здраво, но на почетокот мислела дека тоа не е доволно.
Во меѓувреме, таа го зголеми ритамот на вежбање и дополнително ја подобрила својата исхрана. Потоа почнала да слабее, но стомакот сепак постојано и растел.
-Се откажав од сите млечни производи бидејќи мислев дека се работи за алергија на лактоза, но ништо не се промени. Потоа престанав да јадам глутен, а потоа се откажав од месо. Ништо не помогна, изјави таа во интервју за телевизиската програма „Despierta America“.
По една година загриженост, посетила лекар и се елиминирала можноста дека станува збор за бременост, деталните прегледи утврдиле дека има џиновски малигнен тумор што мора итно да го отстрани од телото.
Со операцијата го отстранила туморот, тежок дури осум килограми и била во многу солидна состојба.
Туморот бил успешно отстранет, и за среќа, не се проширил на други делови од телото.
Аманда се обидува да го врати својот животен стил додека ја споделува својата приказна со другите луѓе со цел да посвети поголемо внимание на нејзиното здравје.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа