Мистерија: Бездомник починал на железничка станица во Милано- во банка имал 100.000 евра, пензија и куќа во Калбрија

 

Бездомникот (75), кој минатата недела почина од студ на железничката станица во Милано, имал повеќе од 100.000 евра во банка и 19.000 евра во акции, како и месечна пензија од 750 евра од времето кога работел во Минхен.

Се работи за Умберто Квинтино Диако, кој исчезнал од дома кога имал само 17 години и заминал во Минхен да работи, пишува весникот „Кориере дела сера“, како што пренесе агенцијата АНСА.

Тој одлучи да исчезне засекогаш“, рекоа членовите на семејството и не е познато како тој успеал да заработи толку пари.

Тој исто така поседувал куќа во Калабрија и две комбиња, со платено осигурување.

Кога бил пронајден мртов на станицата Порта Гарибалди во Милано, во џебот имал 1,2 евра.

Неговата сестра Кијарина изјави за Кориере дека „семејството сакало да го најде, но тој не сакал да биде пронајден“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2021 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега