Млад кошаркар сонуваше да игра во НБА, но загина во војната во Украина
Бохдан Попова се откажа од кариерата за да земе оружје во раце и да ја брани Украина од руската агресија, меѓутоа загина при еден од нападите и така никогаш нема да си го оствари сонот, односно да заигра во НБА-лигата.
Младото момче сонувало да игра во НБА-лигата, а украинските медиуми објавија дека загинал во војната додека се обидувал да му помогне на својот народ и да го одбрани од руските напади.
Попова во просек постигнувал по 13 поени и имал 19 скокови по натпревар меѓу младинците, па имал потенцијал да заигра во најсилната кошаркарска лига во светот.
Руските трупи ја нападнаа Украина на 24 февруари, а од тогаш украинската војска се бори со сите сили против противникот, кој ги бомбардира градовите и се обидува да го освои Киев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа