„Мојот ангел одлета, ми се откорна срцето“: Почина ќерката на македонската пејачка по тешка борба со ракот (ФОТО)
По две години борба со ракот, денес почина Андријана Мициевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија. На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана. Таа почина на 41 години, беше сликар и мајка на Стефанија. Дека состојбата на Андријана е влошена уште пред неколку дена објави Јулија и побара поддршка од пријателите. Андријана беше однесена на Клиниката за онкологија, каде, икако што кажа Јулија, се борела за живот.
Во 2020 година на роденденот на Андријана и беше дијагностициран рак кој метастазирал на коските и црниот дроб. Таа по една година хемотерапии и зрачење, успеа да да застане на нозе. Лани Јулија на роденденот на нејзината ќерка напиша дека изминатата година направила пресврт во нивните животи.
Уметници и пријатели на Андријана ги продаваа своите дела по прифатливи цени и собираа средства за нејзините понатамошни лекарски трошоци.
„Мојот ангел одлета, ми се откорна срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена рожба, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница...Боли...Боли...Болии. Погребот ќе биде утре, петок, 13.5.2022 во 14 часот во кабелата на градские гробишта Бутел“, се наведува во постот на Јулија на социјалната мрежа Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа