Можеби ова му е најпаметниот совет за успех: „Може да ја имате сета памет на овој свет, но без ова нешто – џабе“
Инвеститорот и милијардер Ворен Бафет има совет за сите млади: „Фокусирајте се на учењето да пишувате и зборувате јасно“.
„Еден лесен начин како да ја удвоите својата лична вредност е да ги усовршите вашите комуникациски вештини - како пишаните, така и вербалните“, изјавил Бафет во видео материјалот поставен на мрежата „Linkedin“.
Видеото го објавил Мајкл Худ, коосновач на стартап компанија од Торонто „Voiceflow“ која што им овозможува на корисниците да дизајнираат, прават и лансираат вештини за „Amazon Alexa“, без неопходните програмерски знаења.
„Доколку не можете да комуницирате, тоа е исто како да ѝ намигнете на девојка во мрак - ништо не се случува. Може да ја имате цела памет на овој свет, но мора да умеете да ја искажете и пренесете“, изјавил Бафет, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.
„А, искажувањето е комуникација“, вели Бафет чие богатство моментално изнесува над 86 милијарди долари, според податоците на „Forbes“.
Советот кој што Бафет го дава, доаѓа „од прва рака“.
„Бев преплашен од јавни настапи кога бев во средно училиште и на колеџ“, изјавил Бафет, па продолжил: „Не можев да го направам тоа. Мислам, се случуваше и да повраќам“.
Кога бил млад, Бафет одел на курс по ораторство во „Дејл Карнеги“, организација која што се занимава со професионални вештини, а која што ја основал американскиот писател и преведувач Дејл Карнеги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа