Мрачна иднина за актерката Амбер Херд по победата на Деп

 

Амбер Херд се соочува со кариерна и финансиска пропаст откако го загуби случајот за клевета од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп – за што треба да плати 8,35 милиони долари.

Експертите сугерираа дека „нема враќање за Херд во Холивуд“, додавајќи дека драматичната шестнеделна судска битка ѝ оставила на актерката „премногу голема дамка за студиото“, што покрена прашања за нејзината кариера и идната заработка.

За време на судењето, актерката рече дека нејзината кариера била сериозно оштетена од овој случај, откривајќи како Деп ја тужел и ја спречил да го исполни ветувањето дека ќе донира 7 милиони долари на Американската унија за граѓански слободи. Експертот за забавната индустрија Кетрин Арнолд, исто така, сведочеше дека Херд изгубила можна заработка до 50 милиони долари.

Херд се соочува со низа проблеми поради поразот на судењето. Што се однесува до нејзината кариера, тешко дека холивудските шефови ќе сметаат на неа за идни улоги. Во финансиска смисла, актерката и сведоците алудираа на нејзините парични проблеми, додека огромниот излив на поддршка за Деп може да доведе до тоа брендовите и компаниите да ја избегнуваат.

Сметката за отштета, исто така, може да ја принуди да го продаде својот имот, вклучително и руралното скривалиште од 570.000 долари во долината Јука и Ренџ Ровер што го задржала за време на нејзиниот развод со Деп.

Некои сугерираат дека таа би можела дури и да се сврти кон кариерата како адвокат за жртви на семејна злоупотреба – иако е тешко да се види како тоа би можело да помогне во решавањето на нејзината финансиска состојба.

Херд претходно изјави дека морала да се „бори“ за да ја задржи улогата на Мера во продолжението на суперхеројскиот филм „Аквамен“ од 2018 година и дека во последните две години глумела само во уште еден филм. Улогата на Мера ѝ донесе околу 3 милиони долари.

Британскиот експерт за односи со јавноста Марк Борковски изјави дека за Херд нема враќање во Холивуд.

„Нема враќање за Херд во Холивуд. Ако седите таму и снимате филм или размислувате да го глумите, дали ќе ја ангажирате? Погледнете го огромното негодување за Аквамен 2, каде што петицијата за нејзино исклучување од филмот синоќа надмина четири милиони потписи. Судењето загадува каков било маркетинг или ПР за лансирање на филмот“.

02.06.2022 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега