Му падна микрофонот, па кажа: „Го нема Груби да го крене сега“
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со допонителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска беше во посетата на компанијата „ДИЕМ-ГП“ во Гевгелија.
Среде неговото обраќање, падна еден микрофон од говорницата.
– Го нема Артан Груби да го крене ова сега, пошто он е по таа работа – рече Ковачевски алудирајќи на претходен настан кога при обраќање на Груби паднале микрофони. Тој се наведнал да ги крене и да ги постави на говорницата.
ТВ 21 направи видео монтажа од двата настана. Овој момент е снимен и од камерата на Агенцијата МИА и може да се види во 4.07 минута.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа