МВР: Што да направите ако ви се оштети налепницата

Налепниците кои почнаа да се лепат на регистарските таблички на возилата се оштетуваат прилично лесно. Ако не внимавате при перење на автомобилот, лесно може да се случи млазот вода да ја однесе налепницата. 

Од МВР информираат дека секој граѓанин чија налепница е оштетена, може да добие нова во станиците за технички преглед. И во тој случај, налепниците ќе бидат целосно бесплатни.

Секој возач кој сака да добие нова налепница „NМК“ , треба да оди во станица за технички преглед со своето возило, каде еден од вработените ќе му ја залепи. Важно е тоа да биде согласно процедурата, бидејќи се води евиденција за издадените налепници, информираат од МВР.

 

13.03.2024 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега