На 45 години почина славниот водител: Беше ѕвезда на Нетфликс

Ѕвездата на шоуто на Нетфликс „Tex Mex Motors“, Роб Питс, почина на 45-годишна возраст по битка со рак на желудникот.

Питс беше омилен меѓу гледачите на шоуто, кое ги следи ентузијастите на автомобили додека превезуваат возила од Мексико до Ел Пасо, Тексас и ги реставрираат.

Џеф во описот на видеото со наслов „Ова е збогум (Почивај во мир 27/07/79 – 25/08/24)“ напиша:

– Здраво на сите, овде е Џеф (камерманот на Роб). Сега сум со него во болница. Тој штотуку почина во 21:45 часот на 25.08.2024. Ќе се погрижам да го спасам каналот. Ќе ни недостига и никогаш нема да го заборавиме.

27.08.2024 - 20:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега