На луѓето кои имаат сало околу стомакот им фали eден витамин
Студија кој ја направил Универзитетот во Амстердам покажува дека дебелите луѓе на кои масните наслаги им се таложат околу половината имаат недостаток од витамин Д.
Маснотиите во црниот дроб се исто така поврзани со малата изложеност на сончева светлина, но само кај мажите, не и кај жените. Не е јасно дали недостатоткот на витамин Д придонесува за таложење на абдоменалните маснотии или дебелината го редуцира нивото на витаминот Д.
Од претходни студии е откриена важноста на овој витамин, кој како што велат научниците, помага да не се дебелееме и го чува срцето здраво, го поттикнува производството на азотна киселина која го регулира протокот на крв и која спречува нејзино згрутчување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа